ЦИВИТАКС – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица беше основана во октомври 2018, со мисија да подига иницијативи, анализира и истражува и да ги застапува фискалните прашања, во најширока смисла на зборот, што ги засегаат граѓанските организации, академските институции и физичките лица, како и да го застапува правото на правна извесност во оваа област како човеково право.

Неодамнешната иницијатива на групата се однесува на намерата физичките лица да се оданочуваат со ДДВ, особено физичките лица со авторски договори, кои се особено застапени во граѓанскиот сектор.

Во својата работа, Групата цели да ги третира сите даночни прашања што ги засегаат граѓанските организации.

Повеќе за Групата и нејзините досегашни активности: https://grupacivitax.wixsite.com/home

Ве покануваме да станете придружна членка на групата. За таа цел, потребно е да ни испратите Писмо за интерес од вашата организација.

Повеќе детали може да видите тука: https://grupacivitax.wixsite.com/home/stani-pridruzhna-chlenka