Отворениот повик за консултант за управување во јавни претпријатија е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г.

Вкупен број денови на експертски ангажман: максимум 15.
1. Поставување на рамка на индикатори за следење на управување во јавните претпријатија во следниве области:
– Корпоративно управување и раководење ;
– Управување со човечки ресурси;
– Јавни набавки;
– Финансиско управување;
– Политики/процедури за спречување корупција;
– Стратешко планирање.

2. Воспоставени / невоспоставени процедури и процедурални празнини за следење на перформансот на менаџментот во јавните претпријатија;
3. Преглед на воспоставени меѓународни стандарди (ISO) воспоставени практики (OECD) за управување во јавните претпријатија.
4. Достапност за континуирана консултација со проектнот тим за останати прашања поврзани со делокругот на работа во текот на ангажманот според предвидениот број на консултациски денови.

Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:

Повик за консултантски услуги