idscs logo mk web

Институтот за демократија ги повикува граѓаните на Македонија да излезат и гласаат на претстојниот референдум на 30 септември.

Визијата на ИДСЦС е Македонија да биде високо развиена демократија на слободни и активни граѓани. Нашата мисија е да ја помогнеме граѓанската вклученост во носењето на одлуки и да ја зајакне партиципативната политичка култура. Оттука, сметаме дека граѓаните информирано треба да донесат одлука и да гласаат на претстојниот референдум.

Единствено граѓаните имаат врховно, непорекливо и неотуѓиво право да одлучат за себе, за својата држава и иднината на своите деца.

Одлуката што се носи на 30 септември е втора најважна одлука по референдумот за независност во кратката државна историја на Република Македонија.

Граѓаните треба активно да учествуваат во оваа одлука и да го остварат својот суверенитет, без разлика како ќе гласаат.

Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје