Во овој извештај „Референдум 2018“ презентирани се и анализирани се ставовите на јавноста во Македонија во однос на претстојниот референдум за постигнатиот договор со Грција за спорот околу името на државата, добиени преку испитувањето на јавното мислење кое за ТВ Телма, МЦМС и ИДСЦС го спроведе агенцијата М-проспект од 07 до 25 август 2018 година.

Извештајот е составен од вовед, вклучувајќи и методологија, наоди во однос на излезноста на референдумот, потоа следуваат ставовите како ќе гласаат испитаниците (за/ против), како и причините кои граѓаните ги наведуваат за својот избор, поглавје со ставови за (не)поддршка на одредени специфични прашања поврзани со референдумот, а завршува со заклучоци.

Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името и договорот со Грција, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

Анкетата е достапна наследниот линк:

Референдум 2018 – Ставови на јавноста во Македонија – втора анкета