Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) објавува повик за пријавување на кандидати за платен ангажман како набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието. Повикот се однесува за мотивирани дипломирани (магистрирани) или студенти од сите општествено-хуманистички области, аналитичари и активисти од граѓански организации. Со повикот ќе бидат избрани вкупно двајца набљудувачи кои ќе бидат обучени и ќе добијат можност да учествуваат во набљудување на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание во период од неколку месеци во рамки на проектот „Собранието под лупа“.

Целосиот повик е достапен на следниот линк:

Повик за кандидати за набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието