Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), ве поканува да доставите понуда за испорака на истражувања на јавно мислење за потребите на горeспоменатиот проект, согласно следните спецификации:
Во рамките на проектните активности предвидени се 2 (две) испитувања на јавно мислење, телефонско компјутерски помогнато интервју CATI. Секое испитување треба да биде спроведено на национален репрезентативен случаен примерок од 1000 испитаници и треба да биде организирано врз основа на стандардизиран прашалник. Прашалникот за истражувањето треба да биде развиен од ИДСЦС, а финализиран по консултативна сесија со понудувачот. Времетраењето на едно анкетно интервју се очекува да не надмине 10 минути. Првото испитување ќе се спроведе во јули/август 2018, а второто во февруари 2019 година.
Целосниот повик е достапен на следниот линк: