logo

Придонес на мрежата SEE Think Net кон лондонскиот самит од Берлинскиот процес

Share on facebook
Share on twitter

wbs-london

Регионалната мрежа на граѓански организации и експерти за следење на Берлинскиот процес- SEE Think Net со своите анализи и препораки за политики даде придонес кон самитот во Лондон.  Мрежата промовираше четири документи за јавни политики на настани и дебати во Скопје, Белград и Тирана една недела пред одржувањето на самитот. Петтиот документ за јавни политики беше промовиран на самиот самит.

Тема на настанот во Скопје кој се одржа на 4 јули беа два документи кои анализираат како Берлинскиот процес може да се искористи за подобрување на безбедноста во однос на тероризмот и екстремизмот како и услогласеноста на безбедносната инфраструктура на зејите од регионот со онаа на ЕУ. Документите се достапни на англиски јазик:

Берлинскиот процес како актер на внатрешната безбедност и контра-тероризмот: Можности и препреки на авторките Јелка Клеменц од Integrative Internal Security Governance и Ивана Боштјанчич Пулко од CEP Slovenia.

Повторно обмислување на безбедноста: Западниот Балкан како придонесувач во безбедноста на авторките Доника Емини и Доника Марку од Kosovar Centre for Security Studies.

На настанот во Белград на 5 јули се промовираше документот за јавни политики во кој се анализира како Берлинскиот процес може да придонесе во прашањето за миграцијата.

Унапредена соработка за справување со миграцијата – Западниот Балкан и Берлинскиот процес на Сенада Шело Шабиќ од – Institute for Development and International Relations.

Настанот во Тирана се искористи за промоција на документот посветен на влијанието на Процесот врз едно од најгорливите прашања во целиот регион , на владеењето на правото.

Западниот Балкан и владеењето на правото: Како да се реши кваката-22 на авторката Јована Маровиќ од Politikon Mreza.

Петтиот документ за јавни политки се однесува на перспективата за проширување на Европската Унија на Западен Балкан и беше промовиран за време на самитот на дискусијата организирана од Кралскиот институт за надворешни работи во Лондон на 10 јули.

Кредибилната перспектива за проширување за Западен Балкан низ призмата на Берлинскиот процес на авторите Зоран Нечев од Институт за демократија, Јелица Миниќ од European Movement, Аднан Черимагиќ, Клодјан Сеферај од Open Society Foundation for Albania.

Целта на Мрежата е да придонесува со анализи и предлози за политики кон темите кои произлегуваат од Берлинскиот процес со што ќе придонесе кон информираната јавна дебата и носење на одлуки засновани на истражувања. Тоа ќе вклучува и следење на целиот процес одблизу и политиките на државите кои ги допираат темите од Берлинскиот процес. Мрежата до самитот на земјите од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Лондон планира да објави една анализа на јавни политики за Берлинскиот процес и европската перспектива на регионот која ќе биде промовирана на самитот во Кралскиот институт за меѓународни односни на 9 и 10 јули. Дополнително, Мрежата ќе изработи уште 5 други анализи кои ќе се однесуваат на миграцијата, безбедноста и владеењето на правото кои ќе се промовираат во Скопје, Белград и Тирана неделата пред почетокот на самитот во Лондон.

Самитот во Лондон е петти по ред во рамки на Берлинскиот процес по Берлин (2014), Виена (2015), Париз (2016) и Трст (2017). Процесот е дипломатска иницијатива која ја започна германската канцеларка Ангела Меркел во 2014. Процесот ги собира заедно секоја година раководствата на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Србија и Црна Гора со нивните колеги од земјите од ЕУ како и претставниците на институциите на Унијата со цел да работат заеднички на прашањата околу безбедноста, стабилноста и развојот на регионот.

Мрежата е формирана во март 2018 од организации од шесте земји од Западен Балкан дополнети со Словенија и Хрватска со поддршка од Европскиот фонд за Балканот. Координатор на Мрежата е Институтот за демократија од Македонија, а нејзини членки се и Мрежата за европско движење од Србија, Фондацијата отворено општетство од Албанија, EU Policy Hub, Мрежата Политикон од Црна Гора, Центарот за безбедносни студии од Косово, Институтот за развој и меѓународни односи од Хрватска, Центарот за европска перспектива од Словенија и Аднан Ќеримагиќ од Босна и Херцеговина.

Поврзани објави