Институт за демократија „Социетас Цивилис“(ИДСЦС), во рамки на Центарот за добро управување, распишува оглас за помлад истражувач со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Работните обврски ќе бидат:
– Поддршка на постарите истражувачи при развивање на: истражувачки продукти, проектни апликации и спроведување на тековните проекти на ИДСЦС;
– Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот;
– Пишување документи за јавни политики;
– Поддршка при организацијата на јавните настани на ИДСЦС;
– Редовно и навремено комуницирање со комуникацискиот офицер и одделението за финансии и администрација;
– Други работи поврзани со работата на Центарот за добро управување.
Целосниот повик со сите информации и потребни знаења и вештини е достапен на слeдниот линк: