logo

Отворен повик за правен експерт

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик за правен експерт е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г.

Делокругот на работа за оваа позиција предвидува:

– Анализа на: законите и подзаконските акти, промените, правните недоречености и нерегулирани области, кои се однесуваат на работата и делувањето на јавните претпријатија, претпријатијата во целосна државна сопственост и независни регулаторни тела;
– Анализа на правната рамка со која се регулира назначувањето на членови на управни одбори и директори во јавните претпријатија, претпријатијата во целосна државна сопственост и независни регулаторни тела, со дополнителен фокус на дискреционите можности за назначување;
– Идентификување на јавни политики кои се во корелација со адекватните законски и подзаконски акти;
– Регионална компаративна анализа на правно регулираните и дерегулираните области кои се однесуваат на јавните претпријатија, претпријатијата во целосна државна сопственост и независни регулаторни тела;
– Подготовка на финален краток документ за јавни политики со вклучување на сите коментари.

Преземете и прочитајте го целосниот повик на следниот линк:

Отворен повик за правен експерт

Поврзани објави