Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела“ (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство – реализиран со финансиска помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетотот Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г.

Работните обврски кои се опфатени со овој повик за собирач на податоци се следните: 
– Поднесување барања за информации од јавен карактер до јавни претпријатија, независни државни тела и други субјекти во интерес на проектот и соодветно да комуницира по истите;
– Поднесување на барања за прибирање на податоци од Централен Регистар
– Собирање примарни и секундарни податоци за потребите на проектот (вклучувајќи работа на терен);
– Внесување податоците во однапред определен формат изработен од проектниот тим;
– Посвети 4 саати дневно, односно 20 часа недело за работа поврзана со проектот, во работно време во целиот период на ангажман;
– Физички присуствува во канцелариите на ИДСЦС во работно време по претходно утврдена динамика во координација со Проектниот менаџер;
– Ги почитува зададените рокови од Проектниот менаџер и истражувачите;
– Води евиденција за работните ангажмани и истата ја доставува до Проектниот менаџер;
– Ги извршува задачите, комуницира, и соодветно соработува со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдено според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.

Преземете и прочитајте го целосниот повик на следниот линк:

Отворен повик за собирач на податоци