fbpx
logo

Бриф за јавна политика: „Балканска корупција – Кинеската врска“

al

Македонија уште не почнала да се опоравува од повеќегодишната криза, а во јавноста излегуваат нови детали кои откриваат акутен проблем во управувањето во земјата се вели во кратката анализа на јавни политки на Институтот за безбедносна политика на Европската Унија.

Веднаш по промената на власта, Министерството за транспорт и врски ја запре изградбата на автопатот Кичево-Охрид, финансиранa со кинески кредит. Причината беа наводи за пропусти во текот на изградата чие исправање ќе ја чинат државата дополнителни 155 милиони евра, пари од Буџетот. Оваа сума е значителна ако се земе предвид неразвиеноста на македонската економија.

Скандалот вклучува не само четворица високо рангирани политичари од претходната влада (вклучително и поранешниот премиер) туку го насочува вниманието и на прашањето за тоа дали постои поврзаност на кинеските инфраструктурни проекти со поттикнување на корупцијата во регионот на Западен Балкан.

Владата во Македонија во 2013 потпиша договор со кинеската компанија Синохидро за изградба на 57 километри долг автопат од Кичево до Охрид во вредност од 373 милиони евра и уште еден од Скопје до Штип со должина од 53 километри во вредност од 206 милиони евра. Проектите се финансирани со заем од кинеската државна Ексим банка со што се покрива 85% од вредноста на автопатиштата…

Примерот со Македонија е индикативен за кинескиот модел на инвестиции во инфраструктурата во Западен Балкан и може да сигнализира потенцијални слични проблеми кои би се појавиле во иднина во други земји со слични проекти. На пример, според Министерството за инфраструктура на Србија кинески компании добиле договори во регионот во вредност од 5.5 милијарди евра за изградба на автопатишта и железница. Во Босна и Херцеговина Пекинг финансира изградба на електрани на јаглен. Во Црна Гора со заем од 1 милијарда евра од Ексим банка се финансира изградба на автопат од границата со Србија до пристаништето Бар.

Целата анализа е достапна на англиски јазик на следниот линк:

Balkan corruption: the China connection 

Автори на анализата за Микал Маховски и Зоран Нечев.

Поврзани објави