sobranie

Осврт кон реформските приоритети на Владата наведени во планот 3-6-9 денеска дадоа граѓанските организации кои се дел од иницијативата „Предлог за итни демократски реформи“на јавна расправа во Собранието посветена на владиниот реформски план.

Претходно премиерот Зоран Заев во рамки на расправата која се одржа во Комисијата за европски прашања го изложи планот за реформските активности кои Владата најави дека ќе ги преземе во рок од 3, 6 и 9 месеци.

Наде Наумовска од Фондација отворено општетство Македонија во име на групата организации и експерти кои работеа на граѓанската иницијатива за „Предлог за итни демократски реформи“ (Блупринт иницијатива), споредбено се осврна на владниот план наспроти дополнетите предлози на граѓанскиот сектор.

Во претстојниот период граѓанските организации ќе презентираат дополнување на првичниот Предлог за итни демократски реформи кој беше изработен во 2016 година. Мерките со кои се дополнува за предлогот за итни реформи беа разгледани во текот на јули 2017 година на форум на граѓански организации, експерти и научници кои во текот на два дена ги ревидираа минатогодишните предлози и подготвија втора верзија. На форумот учество земаа 146 лица кои претставуваа 73 граѓански организации.

На следниот линк достапни се заклучоците од седницата кои ги усвоија пратениците.

Извештај од седница на Комисија за европски прашања