Берлинскиот процес е единствениот процес на највисоко политичко ниво кој исклучиво се фокусира на шесте преостанати земји од Западниот Балкан кои не се членки на Европската Унија. И покрај повеќето кризи во ЕУ кои изминатите години го пренасочија вниманието на Унијата од процесот на проширувањето, соединети со зголемениот индивидуален приод на земјите членки кон проширувањето, Берлинската иницијатива, промовирана во 2014 од страна на германската влада, е многу потребниот поттик во подготвувањето на овие земји за идното членство во ЕУ.

Иницијативата тоа го прави преку справување со некои од клучните структурни проблеми во регионот. Форматот на Берлискиот процес да организира самити на ЕУ со шесте земји од Западниот Балкан треба да продолжи и по завршувањето на првичната рамка за процесот од 5 години кои изминуваат во 2018.

Во овој краток документ за јавни политики “Советодавната група Балканот во Европа“ (Balkans in Europe Policy Advisory Group – BiEPAG) предлага неколку структурни промени кои треба да се воведат во самиот Берлински процес со цел да биде поефективен за вклучените земји и нивните граѓани.

На следниот линк прочитајте ги препораките на BiEPAG на англиски јазик изработени од истражувачот на ИДСЦС Зоран Нечев, Флориан Бибер и Марко Кмезиќ.

Иднината на Берлинскиот процес