logo

Документ за јавни политики: Што се оствари, а што не од Берлинскиот процес? И зошто?

Share on facebook
Share on twitter

brif-b-p

Документот ги анализира резултатите од рамката на Берлинскиот процес. Ги вреднува напредокот направен во однос на политиките како оние за младинска соработка, за инфраструктурно поврзување и билатералните прашања.

Притоа, се забележува дека во однос на младинската соработка е постигнат успех со воспоставувањето на Регионалната младинска канцелари за соработка – RYCO. Во процесот на самото фомирање на RYCO на едно место вклучи политички и државни претставници заедно со претставници на младински и граѓански организации од регионот.

Сепак, нотиран е и негативниот преседан кој се случи во Македонија, каде што голем број на граѓански организации го проблематизираа претставникот на граѓанското општество во Управниот одбор на RYCO, како личност вработена во државна институција и која доаѓа од политичка партија.

Во поглед на поврзувањето меѓу земјите исто така се констатира успех преку поддршката на конкретни меѓугранични и регионални инфраструктурни проекти од кои највисока вредност кои даваат дополнителна вредност и на транс-европските транспортни и енергетски мрежи.

Берлинскиот процес има ограничен успех во решавањето на билатералните спорови меѓу земјите од Западниот Балкан. Во документот се заклучува дека не е забележан значителен успех и покрај декларативните заложби и подготвеност за решавање на проблемите.

zoran-bp

Автор на документот за јавни политики се Зоран Нечев од ИДСЦС, Гентиола Мадхи, Аднан Черимагиќ и Јован Ничиќ.

The Berlin Process. What worked and what did not work? And why?

Поврзани објави