На завршна конференција Институтот за демократија презентираше разработени проектни идеи на граѓански организации и државни институции и  „Прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус“ во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ финансиран од Европската Унија.

Институтот за демократија “Социетас Цивилис” Скопје, во соработка со Асоцијација за Демократски Иницијативи (АДИ) од Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) преку проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ финансиран од Европската Унија со 135 611 евра спроведе 4 обуки за 120 лица од центрите за социјална работа и граѓански организации од цела Македонија за ЕУ проектен дизајн и менаџмент.

Зголемувањето на постојната соработка меѓу граѓанските организации и државните институции во насока на поефикасно користење на фондовите на Европската Унија може да влијае позитивно влијание на припадници на ранливите групи и на корисниците на социјална помош и да придонесе кон нивно поголемо вклучување во општетството. Обуките за користење и управување со средства од фондовите на Европската Унија претставува значајна вештина за зголемување на потенцијалот на земјата и следствено за унапредување на нивната позиција во општеството.

 

soc-vklucenost

Претставниците на центрите за социјална работа и граѓанските организации кои ги поминаа обуките и добија сертификати во разработката на идеите за како во своите заедници да ги искористат вештините се насочија на повеќе сегменти кои се јавуваат како предизвици во подобрување на позицијата на корисниците на социјална помош и за граѓаните од ранливите групи.

Дел од идеите, меѓу другото, се однесуваат и на олеснување на пристапот до пазарот на трудот и до  владините програми за вработување и самовработување. Други пак, се осврнуваат на зголемување на културната и социјалната интеграција на постарите граѓани и јакнење на волонтерскиот дух кај младите, на подобрување на условите за самохраните родители, подобрување на образованието и овозможување на социјална и економска надградба на деца без родители.

ЕУ фондовите се достапни и институциите и граѓанските организации мора повеќе да се насочат кон нивно искористување. Вештините за проектен менаџмент може да им помогнат да излезат од својата подредена положба и да се вклучат во општетствените текови, и преку креирање на иновативни програми за социјална вклученост да им помогнат на своите крајни корисници.“ вели Зоран Нечев проектен координатор, Институт за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје.

Во рамки на проектот е изработен и „Прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус“ во кој, чекор по чекор се објаснуваат постапките при разработка на идеите и аплицирањето за средства од фондовите на ЕУ и етапите за спроведување на проектите. Овој Прирачник понатаму се префрла во сопствеништво на Заводот за социјални дејности Скопје и ќе биде користен од нивна страна во понатамошно обучување на сопствениот и кадарот во Центрите за социјални дејности ширум државата.

Прирачникот е достапен на следниот линк:

Прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус