fbpx
logo

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)

Податоците од „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ на проф. Иван Дамјановски во рамки на соработката на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ со која од 2014 година започнаа со воспоставување на долгорочна база на податоци за јавната поддршка на пристапниот процес и членството на Македонија во ЕУ, укажуваат на повеќегодишниот опаѓачки тренд на поддршка за членство во Европската Унија во Македонија кој продолжува и во 2016 година. Сепак, поддршката на членството на Македонија во ЕУ е сѐ уште исклучителна висока –  77%, посебно доколку се има во предвид долгата стагнација во пристапниот процес.

Последната анкета спроведена во ноември 2016г. во рамки на активностите на ИДСЦС за поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на политики базирани на истражување, развојот на доброто управување, владеењето на правото и европските интеграции укажува дека во последните две години воочлив е раст на незадоволството со напредокот на Македонија во пристапниот процес, како и значителен раст на незадоволството од домашниот реформски капацитет и ангажман.

Доколку се изземе спорот за името како пречка во пристапниот процес, поддршката за членство во ЕУ се ближи кон прагот од 90%. Постои значителен диспаритет во поддршката за членството во ЕУ помеѓу етничките Македонци и Албанци кога тоа е условено со промена на името на државата, меѓутоа овој јаз е намален во последните две години.

Публикација: Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-2016)

Инфографик: Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)

Поврзани објави