logo

Проект 463: Повик за дизајнерски услуги

Share on facebook
Share on twitter

Во рамки на активностите од проектот „Проект 463: Мониторинг на трансферите кон граѓанските организации на локално ниво“ поддржан од Метаморфозис, Фондација за интернет и општество и Британската амбасада во РМ, Институт за демократија „Социетас цивилис“ има потреба од дизајнер.

Делокруг на работа
Ангажманот ги вклучува следните задачи:
• Дизајнирање на вкупно 7 визуализациски продукти (инфо-графици) за потребите на онлајн кампања на Facebook и Twitter во тесна консултација со проектниот тим од ИДСЦС;
• Дизајнирање на една публикација од 10 страници;

Сите продукти потребно е да бидат изработени во верзии на два јазика, македонски и албански. Преводот ќе биде обезбеден од страна на ИДСЦС.

– Рокот за дизајнирање на продуктите за потребите на онлајн кампањата е најдоцна до 10 март, 2017 година.
– Рокот за дизајнирање на публикацијата е 31 март, 2017 година.

Кандидатурите мора да бидат доставени до канцелариите на ИДСЦС на ул. Теодосиј Гологанов 42А/3 или испратени на pankovski@idscs.org.mk, не подоцна од 20 февруари 2017 година, 12:00 часот.

Целосниот повик преземете го на следниот линк:

Повик за консултантски услуги

Поврзани објави