Во која мера се спроведуваат реформите од Берлинскиот процес и како тие придонесуваат за регионалната соработка и унапредување на креирањето на политики во Западниот Балкан? Институтот за демократија ќе даде одговор на овие прашања преку следните активности:

1) процена на ефектите од Берлинскиот процес во шесте земји од Западниот Балкан во однос на процесот на ЕУ интеграција, регионална соработка, и направениот напредок во релевантните сфери;

2) Спроведување мониторинг активности во однос на Регионалната Канцеларија за Младинска Соработка, билатерални спорови, и агендата за поврзување;

3) Застапување на структурна вклученост на ГО во процесот на креирање на политики на национално и регионално ниво во земјите од Западниот Балкан.

Очекувани резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Регионална студија на јавни политики, за имплементацијата на заложбите направени од владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, и Србија, во однос на младинска соработка, ифраструктурна поврзаност, и резолуција на билатерални спорови. Учеството на граѓанските организации во ова поле ќе биде детално истражено. Студијата за јавни политики ќе вклучува и препораки.
  • Резултат 2: Регионална студија на јавни политики, која ќе содржи процена на ефектите од Берлинскиот процес во регионот на Западниот Балкан во однос на процесот на ЕУ интеграција и регионална соработка меѓу земјите. Студијата ќе содржи препораки.
  • Резултат 3: Три настани за застапување засновано на препораките со присуство на соодветните чинители, ќе бидат организирани во три земји од Западниот Балкан.

Донатор: Европскиот Фонд за Балканот;

Проектни партнери: European Policy HUB, неформална мрежа на истражувачи од Западен Балкан

Временска рамка: јануари 2017 – декември 2017

Буџет: €24.984

Проектот ќе се имплементира во процес составен од 4 фази (подготвителна фаза, фаза за истражување на политики, фаза за застапување и фаза за мониторинг и евалуација на импактот на проектот)

Клучни таргет групи на проектот: 1) Влади на земјите од Западниот Балкан како и Владите на земјите членки на ЕУ кои се вклучени во Берлинскиот процес; 2) Граѓански организации од Западниот Балкан кои се фокусирани на процесот на ЕУ интеграција, регионалната соработка, младинско учество; 3) Регионални организации од југоисточна Европа и 4) ЕУ институции кои работат со политика на проширување и земјите покриени од Берлинскиот процес.