Документот за јавни политики испитува во која мера е успешна институционализацијата на судските совети иницирана од Европската Унија во однос на нивната независност како и влијанието на други фактори како прецизноста на правилата на ЕУ со кои треба да се хармонизираат, историското наследство и неформалната пракса.
Анализирајќи го случајот на Македонија, воспоставувањето на судските совети не ги постигна нормативните вредности и очекувања кои требаше да се остварат преку оваа реформа во правосудството.
Документот забележува четири генерални негативни ефекти на европскиот модел на судски совети:
- Прерано воспоставување без да се земе предвид актелниот контекст во земјите во кои се воспоставува;
- Зголемена изложеност на судството кон внатрешни и надворешни притисоци предизвикани од новите институционални можности;
- Натамошно компромитирање на индивидуалната независност на судиите, и
- Намалена транспарентност на судската саморегулација.
Автори на документот се Денис Прешова, Иван Дамјановски и Зоран Нечев.
Целосниот документ за јавни политики е достапен на англиски јазик на следниот линк:
Ефективноста на европскиот модел на судска независност во Западниот Балкан