Повик за консултантски услуги бр. 0506-533/16
за експерт/и за проектот: „Унапредување на социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за Демократски Иницијативи и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе.
Општа и специфична цел:
Општата цел на проектот е да ja унапреди социјалната вклученост преку засилување на капацитетот на локалните чинители. Специфична цел на проектот е да ја засили улогата на центрите за социјална работа (ЦСР), Заводот за социјални дејности (ЗСД) и граѓанското општество (ГО) во развивањето на иновативни програми за социјална вклученост и унапредување на плановите за социјална вклученост преку подобро искористување на ЕУ фондовите.
- Делокруг на работа
Ангажманот ги вклучува следните задачи:
- Пишување на краток документ за јавни политики кој ќе го анализира на системот на социјална заштита во Република Македонија и ќе даде соодветни препораки за негово подобрување. Анализата треба да се направи врз база на претходно спроведени истражувања (јавно мислење на работоспособно население за социјални прашања, јавно мислење на приматели на социјална помош, извештај од анкета во центри за социјална работа, извештај од анкета во граѓански организации кои работат во областа на социјалната помош) во рамки на проектот Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите. Освен тоа, ќе биде потребно да се искористат и други примарни и секундарни податоци.
- Пишување на краток документ за јавни политики на тема соработка на граѓански организации и државни институции во насока на унапредување на социјалната заштита, со препораки за подобрување. Анализата треба да се направи врз база на претходно спроведени истражувања (извештај од анкета во центри за социјална работа, извештај од анкета во граѓански организации кои работат во областа на социјалната помош) во рамки на проектот Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите. Освен тоа, ќе биде потребно да се искористат и други примарни и секундарни податоци.
- Презентација на кратките документи за јавни политики на завршниот јавен настан во март 2017 година.
Сите активности ќе бидат блиско координирани со проектниот тим од ИДСЦС и проектните партнери. Сите произведени материјали од овој ангажман ќе бидат во сопственост на ИДСЦС.
Работен јазик на овој ангажман е македонскиот. Продуцираните материјали ќе бидат преведени на англиски јазик.
На следниот линк преземете го целосниот повик: