Опсег на дејствување:

 Повикот е наменет за претставници на граѓански организации (по два претставника од организација, и тоа истражувач/ка и асистент/ка) регистрирани на територија на Република Македонија.

Методолошки приод:

Од претставниците на граѓанските организации се очекува да ја следат “Методологијата за мониторинг на општинските акциски планови за социјална вклученост”, која ќе им биде испратена на добитниците. Претставниците на граѓанските организации е потребно да ги комбинираат методите на деск и теренско истражување.

Опис на активноста:

Во рамки на оваа активност, од селектираните претставници на граѓанските организации се очекува да спроведат мониторинг и евалуација на програмите за социјална заштита (оперативни  и акциски планови)  во една од општините Велес, Куманово и Пробиштип. По спроведениот мониторинг избраните претставници е потребно да подготват извештај со препораки за подобрување на програмите. Активноста е потребно да се заврши во времетраење од два месеца од потпишување на договорот.

Очекувани резултати:

Од избраните претставници на граѓанки организации се очекува своите истражувачки наоди од мониторингот да ги преточат во извештаи (во електронска форма) со препораки за подобрување (10-15 страници А4, фонт Calibri, големина 12, проред 1,15), како и да организираат јавна промоција на извештајот во единицата за локална самоуправа каде го спроведуваат истражувањето.

Надоместок:

Во рамки на повикот ќе се доделат вкупно 180 000 денари, кои еднакво ќе бидат дистрибуирани меѓу избраните 6 претставници на граѓански организации. Средствата потребни за организирање на јавна промоција на извештајот во единицата за локална самоуправа каде селектираните претставници на граѓанските организации го спроведуваат истражувањето ќе бидат обезбедени од страна на проектните партнери Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ).

Поддршка од проектните партнери:

 Во текот на спроведувањето на истражувањето избраните претставници на граѓанските организации ќе бидат поддржани преку менторство и фацилитирање на комуникацијата со единиците за локална самоуправа, центрите за социјална работа и други локални чинители од страна на проектните партнери Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ).

Сите подготвени извештаи ќе бидат вклучени во една публикација во издание на проектните партнери Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ).

Критериуми за селекција:

  • Одговори доставени во апликациската форма (одговорите мораат да бидат добро структурирани и аргументирани)
  • Истражувачот и асистентот е потребно да имаат завршено високо образование
  • Истражувачот е потребно да има минимум 3 години работно искуство во невладин сектор, и минимум 1 година работно искуство во полето на социјалната вклученост
  • Има познавање на методологија на истражување, мониторинг и пишување на документи за јавни документи
  • Асистентот е потребно да има познавање од областа на социјалната вклученост

Напомена: Ги охрабруваме претставниците на граѓанските организации кои учествуваа на обуките за истражувачки методи и дисеминација на истражувачки продукти организирани од проекните партнери Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) да се пријават на овој повик.

Начин на селекција:

 Селекцијата ќе биде спроведена од Комисија составена од претставници на проектните партнери ИДСЦС, АДИ, ОЖОСВ.

Рокови:

  • Поднесување апликации од 16 декември до 23 декември
  • Објавување на избраните претставниците на граѓанските организации најдоцна до 25 декември
  • Потпишување договор со избраните претставниците на граѓанските организации најдоцна до 26 декември
  • Спроведување на истражувањето и промоција на истражувачките наоди 27 декември – 27 февруари

Аплицирање:

Претставниците на граѓанските организации кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат со пополнување на апликацијата, која може да се најде во прилог на овој повик. Форматот и критериумите на апликацијата мора да биде запазени. Последната страна од апликацијата мора да биде потпишана од законскиот застапник на граѓанската организација.

Кон апликацијата треба да се прикачат следниве документи:

1) Тековна состојба издадена од Централен регистар

2) Годишна сметка 2015 година.

3) Апликациската форма, која може да се најде во прилог на овој повик.

4) CV во Europass формат на лицата задолжени за имплементација

Целосните апликации со придружни документи треба да се испратат во електронска форма на povici@idscs.org.mk (со назнака – П О В И К за аплицирање за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита (оперативни  и акциски планови) на единиците за локална самоуправа Велес, Куманово и Пробиштип) не подоцна од 23 декември.

Целосниот повик е достапен на следниот линк:

Повик за истражување

Формуларот за аплицирање е достапен на следниот линк:

Формулар за аплицирање

Контакт лице: Христијан Петрушев,

Институт за Демократија ”Социетас цивилис” – Скопје

hristijan@idscs.org.mk