При постапката спроведена преку Повикот за аплицирање за мали грантови за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита (оперативни и акциски планови) на единиците за локална самоуправа Велес, Куманово и Пробиштип, објавен на интернет страницата на Институтот за Демократија со архивски број 0702/504-16, направени се технички пропусти кои суштински влијаат на спроведување на постапката.

Од оваа причина, спроведувањето на Повикот за аплицирање за мали грантови, се поништува.    

Нов повик во видоизменета форма за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита (оперативни и акциски планови) на единиците за локална самоуправа Велес, Куманово и Пробиштип ќе биде објавен во најкус можен рок. Поднесените апликации ќе бидат соодветно вратени на апликантите и истите ќе бидат писмено (електрoнски) и телефонски известени за истото.