Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на жени од општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” организираа четири обуки наменети за претставници на Центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности и граѓански организации.

Четирите обуки беа организирани на тема ЕУ проектен дизајн и менаџмент со фокус на раководење со проектен циклус, запознавање со елементите на логичка рамка, логика на интервенција и изработка на проектна апликација. Како дел од обуките беше предвидено и подготовка на заеднички проектни апликации од областа на социјалната вклученост под менторство на експерт од областа на проектен менаџмент. Дополнително, овие обуки имаа за цел да ги вмрежат граѓанските организации кои работат во полето на социјалната заштита и центрите за социјална работа.

Првата обука се одржа од 25 до 27 октомври во Струмица. Втората обука се одржа од 31 октомври до 2 ноември во Велес, додека останатите две обуки се одржаа во Охрид од 7 до 9 ноември и од 9 до 11 ноември.