Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” организираа две обуки наменети за претставници на граѓански организации.
Двете обуки беа организирани на тема истражувачки методи (интервјуа и фокус групи), деск истражување, подготовка на документи за јавни политики.
Обуките беа спроведени во Охрид во два термина. Првата се одржа од 7 до 9 ноември, а втората од 9 до 11 ноември.
Post Views:
407