Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” објавува повик за граѓански организации за учество на обука за истражувачки методи и дисеминација на истражувачки продукти.

Целта на обуките е да се надградат истражувачките и аналитичките вештини на претставниците на граѓанските организации. Во рамки на проектот ќе бидат спроведени две обуки, на кои ќе бидат опфатени следниве теми: истражувачки методи (интервјуа и фокус групи), деск истражување и подготовка на документи за јавни политики. Првата обука ќе се одржи од 7 до 9 ноември, додека втората од 9 до 11 ноември во Охрид. Учесниците на обуките ќе имаат предност доколку аплицираат на престојниот повик за грантови на ИДСЦС за мониторинг на имплементацијата на локални планови за социјална вклученост.

За пријавување на обуката Ве молиме пополнете ја апликацијата која можете да ја најдете во прилог на овој повик. Истата треба да се испрати заедно со куса биографија (CV) на апликантот на hristijan@idscs.org.mk заклучно со 31 октомври.

Доколку имате дополнителни прашања поврзани со обуките Ве молиме контактирајте не на hristijan@idscs.org.mk или на телефонскиот број 077 669 640 во периодот помеѓу 10:00 – 16:00 часот.