logo

Анализа: Враќање на трансформативната моќ на Европската Унија на Западниот Балкан

Share on facebook
Share on twitter

“Европската унија се наоѓа во средина на мноштво на надополнувачки кризи. Можната сецесионистичка криза поттикната од Брегзит е последната манифестација на ранливоста на Европа и на намалената атрактивност на европската интеграција. Зголемениот недостаток на единство, предизвикан од неспособноста да се надминат поделбите и да се постигне консензус, станува евидентна во пристапот на ЕУ кон моменталната финансиска и бегалска криза. Истото може да се каже и за политиката на проширување – која е драматично забавена, најмногу поради недостатокот на политичка волја и цврсто лидерство во ЕУ и во одредени земји-членки, за конечно да се комплетира процесот на обединување на континентот. Ако се игнорира трендот на зголемувањето на заканите, прашање на време е кога ситуацијата ќе ескалира и ќе ја соочи ЕУ со дополнителна криза во непосредното соседство.” се вели во текстот „Враќање на трансформативната моќ на Европската Унија на Западниот Балкан“ на Зоран Нечев, постар истражувач и програмски координатор на Центарот за европска интеграција при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Подготовката и издавањето на овој текст е поддржано од Европскиот фонд за Балканот.

Целата анализа можете да ја прочитате на следниот линк:

http://balkanfund.org/publications/reinstating-the-transformative-power-of-the-european-union-in-the-western-balkans/

Анализата може да се преземе на следниот линк:

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2016/10/Reinstating-the-Transformative-Power-of-the-European-Union-in-the-Western-Balkans.pdf

Поврзани објави