Во ниту една од земјите од регионот на југоисточна Европа не е забележан јасен и издржан пробив на политики во областа на борбата против корупцијата. Сепак, се забележуваат напори да се внесат технички решенија и да се подобри работата на правосудните институци кои во најголем дел се поддржани од Европската Унија и во некои сегменти се засилени. Сето ова доведе до благо намалување на адиминистративната корупција, но за сметка на тоа се јавноста се заморува и се намалува јавната поддршката за реформи, но и довербата во националните и во европските институции.

Извештајот „Моќ во сенка – Проценка на корупцијата и скриената економија во Југоисточна Европа“ изработен од регионалната мрежа на граѓански организации и правосудни институции за борба против корупцијата во регионот – СЕЛДИ објавен годинава анализира дека во споредба со 2000 година, сега, постепено е намалено генералното ниво на корупција во ЈИЕ и дека јавностите во државите почнаа да бараат повеќе добро владеење.

Сепак, извештајот заклучува дека напредокот е премногу бавен и дека притисокот кон корупција севкупно е намален незначително. Заклучокот е дека е потребна широка политичка акција за реформи кои се чини дека се блокирани во целиот регион. Притоа, внатрешниот притисок за такви реформи се чини дека е задушен од економски потреби и/или етнички поделби како и од реструктуирање и уназадување на политичките и економските елити.

Во генералните заклучоци во извештајот е наведенo:

  • Довербата на јавноста во издржаноста на политичкиот одговор кон корупцијата остана под 50% скоро во целиот регион со исклучок на Турција и Црна Гора. Тоа дополнително ја истакнува неволноста на политичарите да се вклучат во антикорупциски политики и ја покажува потребата за широко општествено движење за да се зачува антикорупцискиот фокус.
  • Доколку не се засили јавната потреба за интегритет кај владите и постојан напредок и подобрување во економската состојба, дури и засилено применување на казнени мерки нема да даде одржлив ефект. На спроведувачите на правдата поизвесно е дека ќе се гледа како на бескорисна репресија кога ќе целат на службеници од пониските владини нивоа, или на политички мотивиран лов на вештерки кога истрагите ќе се насочат на повисоките нивоа.
  • Според набљудувањето на СЕЛДИ за скриената економија таа зазема од една четвртина до една третина од економииите на земјите од ЈИЕ. Административната корупција и заробената држава им дозволуваат на актуелните политички и бизнис мрежи ефективно да го контролираат пристапот до процесот на носење на закони и политики во владите.
  • Значителен даночен јаз ги поткопува економскиот развој и доброто владеење. Даночната евазија укажува на недостаток на доверба во економската одржливост на земјата и го поткопува квалитетот и обемот на јавните услуги.
  • Еден од критичните сектори со ризик за корупција е енергетиката. Меѓу најкритичните недостатоци во управувањето со овој сектор се малверзациите во енергетските претпријатија во државна сопственост, неправилностите во тендерските договори и бавниот напредок во либерализацијата и демонополизацијата на енергетскиот сектор.
  • Во сите земји од ЈИЕ даночните и царинските службеници се рангирани како професии со највисок ризик за вклучување во корупција.
  • Најголемата доверба во антикорупциските напори треба да се насочи кон справување со политичката корупција на високо ниво и со заробената држава.

seldi

seldi

Во извештајот на СЕЛДИ се предлагаат неколку клучни области кои треба да бидат приоритет за владите во регионот, за регионалните иницијативи и за европските институции на среден рок:

  • Ефективно гонење на корумпирани високи политичари и јавни службеници како единствен начин за испраќање на силна и итна порака дека корупцијата нема да се толерира.
  • Воспоставување на независен корупциски и антикорупциски механизам за мониторинг со цел да се добијат податоци и анализи кои ќе ги интегрираат заедно и дијагностиката за корупција и проценката на антикорупциските политики.
  • Следење на работата на регулаторните тела кои влијаат врз условите за водење на бизнис.
  • Воведување на методологијата на Еуростат за воочување на промените во БДП предизвикани од невидливата економија.
  • Спроведување на проценки за даночниот јаз и спроведување на реформи во даночната област.
  • Воведување на ефективни решенија за борба против корупција и заробена држава со вклучување на посветени и динамични граѓански организации.

Целиот извештај на СЕЛДИ со деталните проценки и препораки преземете го на следниот линк:

http://seldi.net/fileadmin/public/PDF/Publications/Shadow_Power/SHADOW_POWER_FINAL_2016.pdf