Во процесот на проверка и креирање на веродостоен Избирачки список, Државната изборна комисија (ДИК) го објави списокот на граѓани чиишто записи во Избирачкиот список (ИС) по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во ИС.
Заради информирање и повикување на граѓаните да проверат дали се во објавениот список и да се пријават, ДИК спроведува информативна медиумска кампања „Провери и пријави се“. На линкот можете да проверите дали сте пријавени во ИС и да поднесете пријава доколку вашите податоци недостасуваат. Проверката и пријавите може да се извршат на македонски и албански јазик.
Во рамки на кампањата ДИК ги повикува сите граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците, во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година да се пријават за да може да се запишат во списокот.
Банерот на ДИК за „Провери и пријави се“ ќе биде достапен на сајтовите не медиумите и организациите:
