idscs sdc logo

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) објавува повик за платен ангажман на набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието и на медиумското известување за работата на законодавниот дом.

Повикот се однесува за мотивирани дипломирани (магистрирани), студенти од сите општествено-хуманистички области, аналитичари и активисти од граѓански организации.

Со повикот ќе бидат избрани најмногу тројца набљудувачи кои ќе бидат обучени и ќе добијат можност да учествуваат во мониторинг на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание и анализа на нивното медиумско покривање во период од шест месеци во рамки на проектот „Собранието под лупа“.

Повикот за пријавување ќе биде отворен до 21 јуни 2016.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк: mk