logo

Каква е оваа ситуација?!

Share on facebook
Share on twitter

Истражување на јавното мислење за актуелните политички случувања во Македонија

Во време на кулминација на политичката криза која следниот месец може да ги донесе и првите еднопартиски парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) спроведе истражување на јавното мислење по однос на актуелните случувања. Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1016 испитаници во периодот 6-11 мај 2016 година. Во продолжение ги пренесуваме најзначајните наоди:

– За мнозинство од испитаниците (63%) не треба да има избори на кои нема да учествуваат сите партии. За 31% таквите избори се прифатливи.

– Владата која треба да ја надмине политичката криза треба да биде составена од непартиски експерти или од сите парламентарни политички партии сметаат вкупно 55%. Влада составена преку избори на 5 јуни е решение за надминување на кризата според 36% од испитаниците.

– Граѓанските организации и движења треба да бидат вклучени во партиските преговори за надминување на кризата сметаат 61% од анкетираните. За 27% од испитаниците граѓанските организации и движења не треба да се вклучат во преговорите.

– Големо мнозинство од 76% испитаници не ги оправдува одлуките за помилување на 56 лица за дела поврзани со скандалот за прислушувањето. Само 16% сметаат дека помилувањата се оправдани.

– Поддршка за протестите (на Протестирам/Шарена револуција и ГДОМ) даваат 46% од испитаниците. Секој трети граѓанин (30%) ги поддржува протестите на Протестирам/Шарена револуција, а секој осми граѓанин (12%) протестите на ГДОМ.

– Граѓаните се поделени во оценувањето на улогата на САД и ЕУ во разрешувањето на политичката криза: 45% нивната улога ја оценуваат негативно, а 42% позитивно. Сепак, мнозинство граѓани (53%) сметаат дека САД и ЕУ имаат одлучувачка улога во разрешувањето на политичката криза и дека треба поактивно да се вклучат (56%).

– Во поглед работата на правосудните институции, испитаните на скала од 1 до 5 највисока средна оценка му даваат на Специјалното јавно обвинителство – 3.22. Уставниот суд е оценет со 2.33, Јавното обвинителство со 2.32, а судовите со 2.22.

– На прашањето за ставот кон политичките лидери, преовладуваат негативни ставови: 55% кон Али Ахмети, 52% кон Никола Груевски и 48% кон Зоран Заев.
Никола Груевски и Зоран Заев имаат приближно еднаква дистрибуција на позитивен став меѓу испитаниците: 33% се изјасниле позитивно за Никола Груевски, а 30% за Зоран Заев.

Во прилог кон ова соопштение можете да го погледнете целосниот извештај од спроведеното истражување

Каква е оваа ситуација?!

Поврзани објави