Овој краток документ за јавна политика има за цел да ги претстави основите кои го определуваат партиципативното креирање политики во Република Македонија. Партиципативното креирање политики го гледаме како посебна област на јавната политика, која може да се развива и унапредува преку соодветно планирање и имплементација на мерки кои ќе го приближат остварувањето на јавната власт до граѓаните и нивните здруженија.
Во последните години, државата оствари голем напредок во уредувањето на законската рамка која влијае врз можностите на граѓанско учество во практикувањето на јавната власт. Иако не постои посебен закон кој сеопфатно го регулира ова поле, сепак, посебните одредби низ различните закони воспоставуваат основа за граѓанско учество. Сепак, и покрај сите овие измени праксата на партиципативното креирање политики во Македонија останува на релативно ниско ниво и ја карактеризираат многу слабости во имплементацијата.
На следниот линк можете да ја прочитате целата анализа во која се скицираат главните карактеристики на процесот на креирање политики, со целосен фокус на можностите и слабостите на граѓанското учество .