logo

Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите

Share on facebook
Share on twitter

Општата цел на проектот е унапредување на социјалната вклученост преку зајакнување на капацитетот на локалните чинители. Притоа, да се зајакнат капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејсности (ЗСД), Центрите за социјална работа (ЦСР), како и граѓанските организации (ГО) кои работат во полето на социјална заштита, и да се развијат иновативни програми за социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите.

Очекувани резултати се следниве: 1) Капацитетите на работниците кои вршат социјалните услуги од ЦСР и ЗСД да бидат зголемени во поглед на нивната способност ефективно да ги искористуваат ЕУ фондовите за развој на одржливи програми за социјална вклученост; 2) Подготвен модул за обука за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти во полето на социјална вклученост за курикулумот за континуирана обука спроведуван од ЗСД; 3) Зголемени капацитети на ГО за развој на програми за социјална вклученост и за вклучување во набљудувачки активности над локалните акциони планови за социјална вклученост; 4) Воспоставени мрежи/партнерства помеѓу ЦСР и ГО за унапредување на социјалната вклученост во локалните средини.

Донатор: Европска Комисија

Временска рамка: Декември 2015  – Март 2017

Буџет: €135.611

Проектни партнери: Асоцијација за Демократски Иницијативи (АДИ) од Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ)

Погоре презентираните предвидени резултати ќе се постигнат преку 7 активности, поделени во 3 работни пакети (РП): РП1: Основна процена, составен од: A1: Анкета на ЦСР и ГО за нивните капацитети, активности и постоечки акциони социјални планови. А2: Испитувања на јавното мислење за условите за живот во Македонија и проблемите поврзани со социјална исклученост. РП2: Едукација и обука, составен од: A3: Заеднички обуки за професионалци од ЦСР и ГО за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти. А4: Обука за ГО за истражување и дисеминација на резултатите од истражување. А5: Подготовка на модул за обука за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти. РП3: Активности и партнерства на локално ниво, составен од: А6: Мониторинг и евалуација на локалните планови за социјална вклученост од страна на ГО; А7: Општински (локални) партнерства помеѓу ГО и ЦСР за унапредување на социјалната вклученост.

Настани поврзани со проектот

[zad_blog blog_style=”masonry” display_cat=”unapreduvanje-na-socijalnata-vkluchenost-preku-efektivno-iskoristuvanje-na-eu-fondovite” enable_filter=”off” items_per_page=”10″ blog_excerpt_length=”20″]

Поврзани објави