sobranieto pod lupa

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во понеделник (28.09) во Куманово организира тркалезна маса на тема „Како дебатираат пратениците во Собранието“, на која се поканети да учествуваат актуелни и поранешни пратеници од Изборната единица 2, граѓански здруженија и новинари.

Тркалезната маса ќе се одржи во салата на Советот на Општина Куманово во периодот од 11 до 14 часот и ќе биде отворена за јавноста и за заинтересираните граѓани.

Во воведниот дел, претставникот на ИДСЦС, ќе ги презентира наодите и заклучоците од 10 месечното набљудување на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од јуни 2014 до мај 2015 година.

Во вториот дел излагања ќе имаат поканетите пратеници во Собранието по што диксусијата ќе биде отворена за сите присутни.

Тркалезната маса е дел од серијата вакви дискусии за улогата на аргументираната дискусија при создавањето на законите во парламентот. Податоците и методологијата врз основа на која се одвиваше 10 месечното набљудување на собраниските расправи се достапни на следниот линк: https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa .

Тркалезната маса се организира во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права – ЕИДХР и кофинансиран од Институтот за демократија и Институтот за Источна, Централна Европа и Балканот.