fbpx
logo

Над еден милион граѓани во Македонија се подложни на корупција

policy brief prezentacija 23092015

policy brief prezentacija 23092015

Денес (23.09.2015) се одржа промоцијата на „Студии на случај за коруптивни ризици“ во организација на Транспарентност Македонија (ТМ) во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На промоцијата учествуваше Миша Поповиќ од Институтот за Демократија “Societas Civilis” – Скопје како автор на една од трите публикации кои беа промовирани. Целта на настанот беше да придонесе кон подобрување на политиките за антикорупција преку анализа на состојбите и укажување на конкретни коруптивни ризици. Во рамки на настанот беа промовирани следниве публикации:

– „Намалување на корупцијата во јавните набавки преку засилена контрола” (Сабина Факиќ),
– „Демографија на корупција: поглед кон „заробената држава“ (Миша Поповиќ) и
– „Незаконско, неодговорно и нерационално трошење на парите на граѓаните прикажано преку извештаите на ДЗР” (Слаѓан Пенев)

Дел од наодите кои беа презентирани од студијата на ИДСЦС покажаа дека во Македонија над еден милион граѓани се подложни на корупција, седумстотини и десет илјади граѓани се толерантни кон корупцијата, а сто седумдесет и четири илјади граѓани имаат ниска способност да препознаат корупција.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации истакна дека е потребна поголема контрола на  јавните набавки за да се ограничи ограничувањето на конкуренцијата преку поништување на тендерите и високите критериуми за учество на натпреварувањето. Слаѓан Пенев од Форум посочи на слабата врска помеѓу негативните извештаи на Државниот завод за ревизија и отворање на кривична истрага за утврдените прекршоци.

Настанот е дел од „Програмата на УСАИД за антикорупција”, финансиран од УСАИД.

Текстот на анализата можете да го преземете тука mk

Поврзани објави