logo

Се одржа промоција на анализата „Политички дијалог“

promocija-politicki-dijalog-0
Share on facebook
Share on twitter

promocija-politicki-dijalog-0

Ниско ниво на политички дијалог и внатрепартиска демократија, недоверба кон институциите и помеѓу партиите, како и неможност за надминување на кризите без вмешување на меѓународниот фактор. Ова беа дел од заклучоците кои беа истакнати на дискусијата одржана на 17 септември по повод промоцијата на анализата “Политички дијалог” од авторите Миша Поповиќ и Ненад Марковиќ. Промоцијата беше организирана од страна на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за Демократија “Societas Civilis” – Скопје.

Во рамките на оваа дискусија учество зедоа двајцата автори на анализата Миша Поповиќ и Ненад Марковиќ, професорката Гордана Силјаноска-Давкова и професорот Алберт Муслиу. Воведен збор дадоа претседателот на Институтот за Демократија “Societas Civilis” – Скопје, Марко Трошановски и претставникот на Фондацијата Конрад Аденауерво Македонија, Јоханес Реј.

Политичкиот дијалог претставува инструмент за надминување на политичките кризи. Во рамките на овој процес политичките страни одлучуваат отворените прашања меѓу нив да ги решаваат со дијалог. Во текот на дискусијата беше забележано дека политичките кризи во Македонија најчесто се решаваат со посредување од страна на меѓународниот фактор кој врши функција на посредник во политичкиот дијалог. Досега сите позначајни политички кризи биле решени така, со исклучок на политичката криза од 1994 година која траеше до наредните редовни избори во 1998.

Беше истакнато и дека клучен проблем за ниското ниво на политички дијалог е и недостатокот на овозможувачка околина за развој на таквиот процес. Имено во рамки на анализата беше потврдено дека граѓаните на Македонија имаат ниска меѓусебна доверба, како и дека се преферира одлучност наместо поширок делиберативен процес при носењето на одлуки. Негувањето на ваквите вредности во голема мера претставува пречка за развој на политичкиот дијалог. Беше забележано и дека ниското ниво на политички дијалог е резултат и на структурните недостатоци со кои се соочува политичкиот процес во Македонија. Тоа се манифестира со неурамнотеженост на политичката моќ со која располагаат политичките партии, продуцирана од тенденцијата за неконтролирано располагање со јавните ресурси од политичките партии кои победуваат на изборите.

Електронската верзија од анализата можете да ја погледнете на следниве линкови mk al

{position politicki-dijalog-2015}

Поврзани објави