logo

Прва Агора сесија: Партиципативно креирање политики

prva-agora-sesija
Share on facebook
Share on twitter

 prva-agora-sesija

Претставниците на граѓанските организации се согласија дека во најголем број на случаи институциите не се доволно отворени за соработка со граѓански организации. Ова особено се однесува на случаи во кои засегнатата граѓанска организација немала претходна соработка со конкретната институција. Воедно, граѓанските организации се сложни и дека институциите ретко ги прифаќаат изработените препораки за одредени законски решенија или политики. Дополнително, доколку институциите прифатат некои од забелешките кои граѓанските организации ги поднесуваат, најчесто се работи за забелешки од технички карактер, а многу поретко за суштински забелешки.

Ова беа дел од заклучоците од првата Агора сесија на тема “Партиципативно креирање политики” одржана на 15 јули 2015 во хотелот „Карпош“ во Скопје. На сесијата зедоа учество повеќе експерти и претставници на граѓанските организации кои имаат искуство и знаење од процесот на партиципативно креирање на политки. На оваа сесија претставниците од граѓанските организации разменија различни искуства и мислења во однос на партиципативното креирање на политки во Македонија.

Дел од претставниците на граѓанските организации сметаат дека учеството на граѓанските организации во креирањето политики честопати е само формално, односно дека целта на институциите е преку таквото учество да ги легитимираат своите предлог-законски решенија, без притоа посериозно да ги разгледаат забелешките и препораките.

Во однос на ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи), алатката за електронско информирање на граѓаните за постојни прописи, предлог-закони на министерствата во фаза на подготовка и извештаи од спроведената проценка на влијанието на регулативата – ПВР, при што се остава можност за партиципирање преку оставање на коментари и забелешки за постојните решенија, граѓанските организации сметаат дека иако можностите за партиципирање преку овој механизам постојат, сепак употребата е мала и недоволна. Претставниците на граѓанските организации се согласија дека постои подобрување во ефективноста на ЕНЕР порталот, споредено со 2012 година, кога институциите воопшто не ги прикачувале проценките на влијанието на регулативата (ПВР) на електронскиот регистар и почесто ги игнорирале коментарите на граѓаните.

Како важен фактор кој овозможува поголемо влијание на граѓанските организации при креирањето политики беше посочен личниот однос со лицата на функција во засегнатите институции.

Наодите и заклучоците од дискусијата ќе бидат искористени од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје за подготовка на бриф за јавна политика кој ќе постави насоки за подобрување на ефективноста, но и застапувачки цели за граѓанското општество во областа „Партиципативно креирање политики“.

Овој настан се организирање во рамките на проектот „Агора сесии“ имплементиран од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) кој е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.

{position prva-agora-sesija}

Поврзани објави