kameri-Sobranie

Во мај медиумите најмалку досега од почетокот на мониторингот консултираa пратеници (20%) како извори во информации во кои се спомнува Собранието. Притоа, и кога наведуваа пратеници, во дури 94% од случаите тоа беа пратеници од само една политичка опција, најчесто дел од владејачкото мнозинство во Собранието, поретко од опозицијата. На второ место како извори се застапени странски претставници и дипломати, а потоа следат членови на владата и други државни институции. Зголемена е застапеноста на граѓани како извори (8%).

Медиумите во мај го намалија известувањето од собраниските дискусии на седниците на само 10% и повторно најчесто го спомнуваа Собранието во контекст на политичката криза и обидите за нејзино надминување и околу јавните собири кои се одржуваат пред зградата на парламентот.

Во мониторираните информации медиумите најчесто консултираа по еден извор (37%), а оние со три и повеќе извори бележат благ пад.

Медиумите и во мај го задржаа трендот најголем дел од информациите во кои се спомнува Собранието да бидат информативни без притоа аналитички да се осврнуваат на настаните. Ова се дел од наодите во Деветтиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието спроведен во периодот од 1 до 31 мај 2015 .

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Во прилог Ви го испраќаме целиот извештај од мониторингот mk al и облакот од најкористените зборови во насловите на текстовите и најавите на прилозите кои се однесуваат на Собранието во мај.

Oblak mediumi maj

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.