vesnici-monitoring

Медиумите во март го зголемија известувањето за случувањата во Собранието, по остриот пад во февруари. Притоа тие почесто информираа за парламентарните дискусии на пленарните седници од кои најчесто околу дискусиите за измените на законите за лична карта и живеалиште.

Во март може да се забележи зголемена тенденција на едноставно пренесување на информации во кои само се известува за случувањата во и околу Собранието и намалување на процентот на информации во кои се анализира содржината на настаните. Притоа најчесто се известува за пленарните седници, а значително поретко од дискусиите во рамки на собраниските комисии. Медиумите во март исто така посветиле повеќе внимание на информации за стапување во сила на нови закони или законски измени и нивната содржина при што најчесто воопшто не се осврнуваат на собраниската дискусија околу истите закони.

Главни извори во медиумските информации кои се однесуваат на Собранието во март повторно се пратениците. На второ место, како извори, се членови на Владата, а на трето, според застапеноста, се странски претставници.

Медиумите повторно објавија повеќе информации во кои како извори се наведени пратеници од една политичка опција, отколку информации во кои истовремено се застапени извори и од власта и од опозицијата,притоа почесто се застапени пратеници од владеачките партии.

Јавноста останува генерално недоволно информирана од страна на медиумите за случувањата во Собранието, законите кои се разгледуваат и аргументите кои ги изнесуваат пратениците на седниците.

Собранието во март 2015, повторно, најчесто е споменувано во контекст на пошироката политичка состојба во државата и односите меѓу партиите.

Ова се дел од наодите во Седмиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието спроведен во периодот од 1 до 31 март 2015 mk  al.

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Во прилог е и облакот од најкористените зборови во насловите на текстовите и најавите на прилозите кои се однесуваат на Собранието во март.

Oblak-mediumi-mart

Извештаите од мониторингот на медиумите и Собранието од изминатите месеци се достапни на следниот линк https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa