fbpx
logo

Агора сесии

agora start image

agora-start-image

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) започнува со спроведување на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“. Целта на проектот е да допринесе кон зголемено учество на македонското граѓанското општество во процесите на креирање политики од областа владеење на право (поглавја 23 и 24 од правото на Европска Унија). Земајќи ја предвид праксата на ниското учество на граѓанските организации во оваа сфера, се јавува потреба за заеднички активности врз основа на постоечки и разработени препораки кои би го засилиле притисокот врз креаторите на јавните политики во Македонија. Ваквиот притисок ќе биде остварен преку заеднички собири, Агора сесии на граѓанските организации за конципирање на релевантни препораки за јавни политики. Воедно, постои потреба и за сеопфатна евалуација на учеството на граѓанскиот сектор во процесот на подготвување на јавни политики и за таа цел во рамки на проектот ИДСЦС ќе изработи еден бриф за јавни политики и една студија која ќе го следи патот на донесувањето на законите од нацрт-текст до конечно законско решение.

Во рамки на проектот ќе биде изработена и датабаза на експерти од областа владеење на право, како и календар на јавни политики кој ќе биде достапен на веб страницата на ИДСЦС.

Проектот ќе се спроведува во периодот мај 2015 – март 2016 со вкупен буџет од 64.280 фунти. Проектот е финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

За повеќе информации погледнете го информативниот текст за проектот достапен на следните линкови: македонски и англиски

Поврзани објави