sobranie-zgrada

Пратениците на набљудуваните седници во март најчесто ги образложуваа своите позиции со по два и повеќе аргументи, а намален е процентот на образложенија со по еден аргумент. Во 17% од дискусиите образложенијата се оценети како “слаби” односно без целосни аргументи.

Пратениците повторно повторно останаа во свооите „ровови“. Забележани се само два случаи кога пратеници ја променија позицијата, но без образложение од кои причини го прават тоа. Не е забележан случај пратеник да ја промени позицијата поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата.

Опозицијата го намали уделот во дикусиите од 29% во февруари на 16% во март што е втор најнизок удел од почетокот на мониторингот.

Бројот на дискусии од страна на пратениците жени во март бележи пад за разлика од февруари. На пратениците жени во март отпаѓаат 48% од сите набљудувани дискусии, споредбено со 57% во февруари.

Пратениците најмногу дискутираа околу пратеничките прашања, предлогот на Закон за водостопанство, предлогот на Закон за изменување и дополнување на законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и за предлог Законот за издавање на вредносни бонови- ваучери.

Голем дел од точките од дневниот ред поминаа со мала и еднострана или без никаква дискусија. Со сето ова заклучокот е дека јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за дел од законските решенија.

Ова се дел од наодите во Осмиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 1 до 31 март 2015 mk al

Во прилог е и облакот од најкористените зборови во пратеничките дискусии на пленарните седници во месец март.

Sobranie oblak mart

Извештаите од мониторингот на квалитетот на дискусијата во Собранието и од мониторингот на медиумското известување од Собранието во претходните месеци можете да ги погледнете на следниот линк:  https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa .