train2015-01

Оваа година, Миша Поповиќ од ИДСЦС учествува во TRAIN програмата на DGAP.

Со цел негување на дијалогот при креирање политики, оваа програма овозможува тренинг активности за политичка анализа и застапување на политики за тинк-тенк организациите во Западен Балкан. Со таа цел, во Белград се одржа првата работилница од овој процес, каде истражувачите добија обука за политичка анализа скроена според нивните истражувачки проекти. Покрај тренингот, истражувачите разговараа за политичките прашања во регионот со почесниот комесар на Генералниот Директорат на ЕУ – господинот Пјер Мирел.

train2015-02

Истражувањето кое нашиот истражувач ќе го спроведе оваа година е на тема корупција. Поаѓалиште на ова истражување е теренската анкета од 2014 направена во рамките на Програмата за борба против корупција на USAID, каде ИДСЦС е партнер организација. Миша ќе изготви евалуација на механизмите за пријавување на корупција, преку анализа на подложноста, притисокот и вклученоста во корупција врз различни социјални групи. Тој ќе евалуира колку механизмите за пријавување (имплементирани од институциите и граѓанските проекти), се скроени имајќи ги предвид различните начини на кои поединечни групи развиваат однос кон корупцијата.