monitoring-na-mediumi

Медиумите во февруари најмалку досега известуваа за случувањата во Собранието што коинцидира со насочувањето на јавниот интерес кон прес-конференциите на опозицијата и објавувањето на наводните прислушкувани аудио снимки за високи државни функционери.

Собранието во февруари 2015, повторно најчесто е споменувано во контекст на пошироката политичка состојба во државата и односите меѓу партиите. Многу поретко, споредено со претходните месеци, информациите се однесуваат на собраниските расправи и аргументите на пратениците.

Во медиумските информации значително се зголеми застапеноста на „други“ извори под кои се водат странски дипломати, парламентарци и други претставници што во голем дел се должи на посетата на Скопје од страна на Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.

Главни извори во медиумските информации кои се однесуваат на Собранието се пратениците. Сепак повторно во поголем дел од информациите како наведени извори се пратеници од само една политичка опција. Притоа, почесто се јавуваат пратеници од владеачките партии отколку од опозицијата.

Ова се дел од наодите во Шестиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието mk al спроведен во периодот од 1 до 28 февруари 2015. 

Облак од најкористените зборови во најавите на телевизиските прилози и насловите во весниците за објавените информации кои се однесуваат на Собранието.

Oblak mediumi fevruari

Претходните извештаи можете да ги погледнете на следниот линк: https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.