![]() |
Егзона Арифи
Како практикант на ИДСЦС бев дел од проектот „Собранието под лупа. Засулување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. |
Филип Јаневиќ
Во ИДСЦС бев ангажиран како набљудувач на собраниската дебата во Собранието на РМ, како и на извештаите на медиумите во Македонија за работата на собранието. Сакам да ја истакнам топлата атмосфера која владее во институтот во текот на работното време, како и професионалноста и стручноста на одговорните за спроведување на проекти. |
Влора Речица
Работи како проектен асистент и набљудувач во мониторингот на собраниски седници и медиумските извештаи во проектот „Собранието под лупа“. Студира на отсекот „Политички студии“ при Правниот факултет на УКИМ. |
![]() |
Ивана Тодороска
Како практикант во ИДСЦС, бев дел од проектот „Собранието под лупа“, каде работев на мониторинг на квалитетот на дебатата во Собранието. Од моето искуство во ИДСЦС можам да кажам само пофални зборови. Голем дел од тоа што го работевме ми помогна во мојата струка како политиколог. Практикантскиот период беше одлична шанса да го употребам во практична работа сето тоа што сум го здобила како теоретско знаење. Воедно, имам само пофални зборови за тимот на ИДСЦС, кој според мене, функционира феноменално и кој многу ми помогна во текот на практикантскиот период. |
|
Иван Николовски
Во ИДСЦС бев практикант две години по ред. Во периодот мај-јуни 2013 работев на проектот „Социоекономски отпор на општествата на Западен Балкан“, а во периодот јули-септември 2014 работев на проектот „Собранието под лупа: Засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. Моето практикантско искуство го паметам во најдобро светло. Инситутот за демократија нуди одлична работна атмосфера која овозможува стекнување на корисни искуства и работна навика, како и висококвалитетен колегијален и пријателски однос проследен со врвна работна етика. На сите, а особено на студентите на општествените факултети, топло им ја препорачувам практикантската работа во ИДСЦС. |