logo

Физибилити студија – Буџет базиран на перформанси

performance-budgeting-helsinki-2
Share on facebook
Share on twitter

performance-budgeting-helsinki-2

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за економски анализи (ЦЕА) подготвија физибилити студија „Буџет базиран на перформанси за подобар буџетски процес и зголемување на транспарентноста и отчетноста“.
Буџетирањето базирано на перформанси е концепт кој ни овозможува да обезбедиме информации/податоци кога и дали програмите во буџетот, агенциите и другите институции кои обезбедуваат јавни услуги ги извршуваат ефикасно и ефективно обврските и работата која се бара од нив. Истиот има за цел да ја подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи преку поврзувањето на финансирањето на организациите/институциите во јавниот сектор со резултатите кои истите ги испорачуваат.

Една од главните причини за имплементација на концептот на буџет базиран на перформанси (наспроти традиционалниот концепт) преставува можноста истиот да утврди дали навистина проектите и активностите кои ги превземаат државните институции даваат резултати и прават промени во животите на луѓето.

Оваа физибилити студија ги дава следниве препораки:
– Имајќи ја предвид тековната ситуација во државата, најсоодветно би било имплементирање на: од горе-надолу (top-down) пристап за воведување на буџетирање по перформанси; посоодветна би била парцијална имплементација; градуалистичкиот пристап исто така би бил посоодветен.
• Креирање на посебно тело кое ќе се грижи најпрвин за дизајнирање на соодветен модалитет и имплементација на концептот буџет базиран на перформанси кој ќе биде најсоодветен за Р. Македонија;
• Парцијалната имплементација би значела избор и воведување на буџетирање базирано на перформанси во пилот буџетски корисници;
• Градуалистички пристап би значел фазно воведување на буџетирање базирано на перформанси во пилот буџетските корисници;

Кај сите буџетски корисници ќе важи:

• Воведување на програмско планирање на буџетот кај сите буџетски корисници;
• Идентификација на инпут индикатори, аутпут (резултати) индикатори кај сите буџетски корисници. Во прва фаза може да се воведат едноставни индикатори како број на вработени како инпут индикатори на пример и едноставни аутпут индикатори (на пример број на корисници на соодветната програма);
• Стратешките планови на сите буџетски корисници треба да бидат достапни во електронска верзија и треба да содржат временска рамка за исполнување;
• Во завршните сметки на буџетските корисници треба да се објавува објаснување за разликите во предвидените и реализираните расходи;
• Во завршните сметки на буџетските корисници треба да се објаснуваат причините за разликите помеѓу оригиналните проценки на аутпут индикаторите и конкретните резултати за таа година, како и разликите помеѓу оригиналните проценки на индикаторите на резултати и конкретните резултати за таа година;
• Сите буџетски корисници треба да објават евалуација на постигнатите аутпути од програмите. Во тие евалуации треба да се направи посебна анализа на промената на профилот и бројот на корисниците на јавните услуги како и промената на потребите на корисниците;
• Резултатите од ревизијата на сопствените буџетски трошоци по објавувањето на ревизорскиот извештај од страна на Државниот Завод за Ревизија-ДЗР треба да бидат достапни во електронска верзија;
• Акциониот план за постапување по наодите од ДЗР треба да биде достапен во електронска верзија;

Автори на студијата се Марјан Николов, Борче Треновски Билјана Ташевска, а целата студија и препораките можете да ги прочитате на следниве линкови: mk al en

Студијата е подготвена во рамките на проектот „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси” кој го имплементираат ЦЕА и ИДСЦС, а е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е да промовира буџетска транспарентност за отчетно трошење на јавните финансии. За повеќе информации во врска со проектот посетете го следниов линк www.idscs.org.mk.

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и нa Центарот за економски анализи и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Поврзани објави