Oblak mediumi noemvri web

Бојкотот на опозицијата и процедурата за одземање на мандатите и во ноември го добија главното внимание на медиумите во однос на известувањето за настаните од Собранието. Во ноември се зголеми процентот на информации во кои наведените извори се од само една политичка опција споредено со претходните периоди. За сметка на тоа, за повеќе од половина се намалил процентот на информации во кои се застапени истовремено извори и од власта и од опозицијата споредено со претходните мониторирани периоди.

Медиумите многу поретко како извори консултирале пратеници и политички партии, а почесто претставници на извршната власт.

Собранието најмногу е споменувано во контекст на бојкотот на опозициските партии, пошироките политички случувања, меѓупартиските односи, а незначително помалку се известувало за содржината на дебатата и изнесените аргументи на седниците. Со ова јавноста повторно не е целосно информирана за дел од темите кои ги разгледуваат пратениците, законите и законските измени и изнесените аргументи.

Ова се дел од наодите во Третиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието mk al спроведен во периодот од 1 до 30 ноември. Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Сите извештаи и публикации од проектот „Собранието под лупа“ можете да најдете на следниот линк http://www.idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa.