Veles1

На 25 и 26 ноември 2014 година, Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“-Скопје (ИДСЦС) одржаа работилница на тема „Транспарентно буџетирање базирано на перформанси“.  Работилницата вклучуваше државни службеници кои работат на подготовка на буџетите во своите институции, односно во Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот завод за статистика, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Агенцијата за администрација, Комисијата за заштита од конкуренција, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство и Канцеларијата на народниот правобранител.

Veles2

Работилницата посебно се осврна на принципи на буџетска транспарентност и отчетност, концепт, типови и модалитети на буџетирање  базирано на перформанси, студии на случаи и резултати од буџетирање базирано на перформанси, чекори во дизајнирање и имплементирање на буџет базиран на перформанси, како и каква е потребата и кои се и предизвиците за имплементирање на овој концепт во Македонија. Предавачи на овие теми беа д-р Борче Треновски и м-р Миша Поповиќ. Предавање за еволуцијата, предизвиците и искуствата со имплементирање на буџетирање по перформанси во Финска одржа и Паиви Валкама, постојан твининг советник на ЕУ твининг проект „Зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики“.

Veles3

Работилницата се одржа во рамките на проектот „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси“ кој има за цел промовирање буџетска транспарентност за отчетно трошење на јавните финансии. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Veles4