Oblak pratenici oktomvri web

Ова се најкористените 200 зборови од страна на пратениците во македонското Собрание на 8 пленарни седници и една седница на Комисијата за европски прашања одржани во месец октомври.

Зборовите се појавуваат со анализа на фреквенцијата на нивното користење врз основа на стенографските белешки од седниците кои ги водат собраниските служби. Со внесувањето на околу 300 страници текст од дискусиите на пратениците произлегува дека во овој период често се споменувани Владата, Европската Унија, денари и евра, проекти, Буџетот, патишта, општини…За разлика од облаците од дискусиите во минатиот период, сега, од најчесто употребувани зборови се отстранети зборовите кои се дел од техничкиот вокабулар на пратениците на седниците со цел да се добијат фреквенциите на зборовите кои укажуваат на суштината на расправите во Собранието.

Oblak pratenici oktomvri

Облакот е создаден преку апликацијата Wordle.net и во поголема резолуција може да се погледне на следниот линк.

Анализата на говорите на пратениците е дел од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. Третиот извештај од мониторингот на дебатата кој се однесува на истиот период како и облакот, покажа зголемување на интеракцијата меѓу пратениците одразено преку почестите реплики и контрареплики, но и дека дискусијата околу законските предлози генерално останува слаба.