Корупцијата во Југоисточна Европа е во вестите, во фокусот на јавната дебата и на агендата на националните и меѓународните институции толку често и толку долго што навистина не треба да се дава оправдување зошто толку се истражува. Токму затоа што се покажало дека е толку нерешливо прашање, оправдани се иновативните пристапи за нејзино разбирање и намалување. Изгледите за пристап кон ЕУ на земјите во регионот, иако далечни, обезбедуваат овозможувачка рамка за дејствување, но засегнатите страни на локално ниво и особено граѓанското општество се оние кои може да направат одржлив напредок во борбата против корупцијата. Еден од главните приоритети на Водството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) беше да се направи длабинско дијагностицирање и разбирање на корупцијата и празнините кои постојат во владеењето во регионот како потребен предуслов за застапување на антикорупциски политики кои се базираат на знаење. Овој извештај на СЕЛДИ се вклопува во рамката за развој и спроведување на новата регионална антикорупциска политика и инфраструктура како што е наведено во Столбот за владеење во Стратегијата на ЈИЕ2020 спроведуван од Регионалната антикорупциска иницијатива.
Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs.regionalen-izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-jugoistochna-evropa-mk.pdf