sobranie-boris-trajkovski

Пратеничките го зголемија уделот во дискусијата, но дебатата во Собранието во септември 2014 г. во најголем дел остана сиромашна, иако се зголемија репликите и контрарепликите. Ниту еден пратеник не беше разубеден во текот на дикусиите, а пратениците генерално се почитуваа меѓу себе. Пратениците покажаа најмногу интерес да расправаат за Предлог буџетот за 2015 година, Законот за градење, за утврдување на нацрт амандманите на Уставот, годишниот Извештај на Државниот совет за превенција на детско престапништво и Предлог-законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.

Ова се дел од наодите во Вториот извештај од мониторингот на квалитетот на дебата во Собранието (на албански јазик) кој го опфаќа периодот од 25 август до 30 септември 2014 година. Темна дамка во овој период од работата на Собранието остави физичкиот инцидент кој се случи меѓу пратеници од ДПА и ДУИ на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на 26 август 2014 година. Употребата на недоличен говор, личните напади и надгласувањето без никакво објаснување ги засенија агрументите изнесени во расправата за ребалансот на Буџетот за 2014 година и се можна причина за инцидентот.

Мониторингот на дебатата во Собранието во овој период опфати 338 говори на пратеници изнесени на 21 седница од кои 10 пленарни и 11 седници на собраниски комисии.

Мониторингот на Собранието се врши во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.
Во прилог ви го испраќаме Вториот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието.