EC flag

Денес 08.10.2014 е објавен извештајот за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси.

Секоја година Европската Унија усвојува „Пакет за проширување“ кој е збир на документи кои се однесуваат на политиката на проширување и напредокот на секоја земја поодделно. Овој пакет на документи го содржи годишниот стратешки документ за проширување кој дава патоказ за нареднот период, но и слика за постигнатите резултати од земјите кандидати за членство во последните дванаесет месеци. Како дополнување на овој стратешки документ пакетот ги содржи и т.н извештаи за напредок во кои Европската Комисија го изразува својот став околу напредокот на секоја земја во изминатата година.

Во продолжение може да ги превземете и извештаите за напредок на: Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.